дома Временска Прогноза ВЕЧЕРВА СНЕГ И ВО СКОПЈЕ: Прогнозите поволни за првиот снег во главниот...

ВЕЧЕРВА СНЕГ И ВО СКОПЈЕ: Прогнозите поволни за првиот снег во главниот град

Времето во Македонија облачно со повремени врнежи од дожд и снег со слаб, на места и умерен интензитет. Во текот на ноќта се очекува врнежите да бидат само од снег и тоа повеќе ќе бидат застапени во западните и јужните делови.

Во петок облачно со врнежи од снег кои во западните и јужните делови ќе формираат снежна покривка. Од сабота врнежите во пониските места ќе бидат претежно од дожд, но од недела се очекува мала снежна покривка и на пониските места во земјава.

Од циклонот кој го зафаќа регионов, со снежни наноси најмногу ќе бидат погодени Босна, Црна Гора како и во соседна Србија, каде се очекува формирање на снежна покривка од 10 до 40 сантиметри, локално и повеќе додека на планинските места дури и над 50, 60 сантиметри.