дома Македонија ВЕЉАНОВСКИ ЗА СЛУЧАЈОТ „27-МИ“: Политичко обвинение за политички цели

ВЕЉАНОВСКИ ЗА СЛУЧАЈОТ „27-МИ“: Политичко обвинение за политички цели

Политичко обвинение за политички цели, вака поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, за ТВ 24 ја коментира одлуката на Судот да го прифати обвинението во кое тој заедно со Јанакиески, Ристовски и Атанасов се обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста како организатори на „крвавиот четврток“.

Тој е првиот претседател на Собрание на кого ќе му се суди од независноста на Македонија.

За „крвавиот четврток“ осудени се 17 лица на вкупно 200 години затвор, а амнестирани се 15 лица, меѓу кои и пратениците кои овозможија насилниците да влезат во Собранието, отворајќи ги вратите. Но, добија амнестија и галсаа за уставните измени за промена на името.