дома Социјални Мрежи ВЕЉО КОГА ЌЕ ДОАЃАШ ВО БУТЕЛ, ПОПРАВИ ГИ ДУПКИТЕ: Жителите на Бутел...

ВЕЉО КОГА ЌЕ ДОАЃАШ ВО БУТЕЛ, ПОПРАВИ ГИ ДУПКИТЕ: Жителите на Бутел не го виделе градоначалникот, општината поплавена

Повеќе од еден час возење им е потребен на жителите на Бутел за да излезат од нивната населба.

Поради доцнењето на изградбата на новиот булевар, целиот сообраќај е блокиран, а веќе постоечките сообраќајници, поради невремето, се полни со вода.

Во исто време, поради поројниот дожд блокиран е единствениот влез до единствената амбуланта во Бутел.

Инаку, жителите на Бутел се единствени во Македонија кои не избраа градоначалник од нивната општина. Нивниот градоначалник Велимир Смилевски, живее во Центар.