дома Uncategorized ВЖЕШТЕНА АТМОСФЕРА ВО СРЕБРЕНИЦА: Додик испрати специјалци во Сребреница, откако Сараево го...

ВЖЕШТЕНА АТМОСФЕРА ВО СРЕБРЕНИЦА: Додик испрати специјалци во Сребреница, откако Сараево го проблематизираше изборот на градоначалник!

Претседателот на Република Српска Милорад Додик изјавил дека испратил специјална полиција во Сребреница, со цел да го обезбедат пребројнувањето на гласовите и да спречат прекројување на изборните резултати

Додик во изјава за „Ало“ рекол дека губитиницте на изборите во Сребреница не можат да се помират со поразит и поради тоа во јавноста се пуштаат разни спинови и приказни дека имало некаква изборна кражба.
„Токму поради нивните зборови и дела, чии единствени цели им се да докажат дека тие не изгубиле на изборите, специјалнта полиција, а по налог на Обвинителството, е испратена во Сребреница со цел да се обезбеди изборниот процес, односно пребројувањето на гласовите“ – рекол Додик за „Ало“, додавајќи дека победник на изборите во Сребреница е несомнено Младен Грујиќ.

Србина на чело на Сребреница е проблем за политичарите во Сараево, рекол Додики додал дека за Бошњаците во Сребреница победата на кандидат од српска партија за градоначалник на општината е претставува проблем, туку тоа е проблем за сараевските политичари.
„Што е проблем во Сребреница, освен тоа што од Сараево прават проблеми дека градоначалникот не може да биде Србин? Зошто не може? Ќе ја почитуваме секоја болка и тоа никој не може да го игнорира. Го почитувам здружението „Мајки од Сребреница“, но кога ќе влезат во сферата на политиката, извинете, не почитувам“ – рекол Додик за РТРС. ој додал дека основната харанга кон Р.Српска доаѓа токму од тоа и слични здруженија.

Додик повторил дека иако Србин е на чело на Сребреница, Општината ќе помогне на одбележувањето на 11 јули.

„Немам проблем да положам цвеќе во Поточари, но нема да одам на помен бидејќи тоа се политизира и се држат политички говори кои немаат врска со тоа“ рекол Додик. Тој наведува дека ќе признае дека во Сребреница е направен геноцид, ако комисија со неутралент авторитет од светот потврди како точна информацијата која ја напиша ОХР, а која комисијата во Р.Српска ја потпиша од страв од страницте.

Пред три дена се одржаа избори во кои градоначалникото место во Сребреница го доби Младен Грујиќ.