дома Спорт Видал ја испрати првата порака до навивачите на Интер

Видал ја испрати првата порака до навивачите на Интер

Артуро Видал синоќа пристигна во Милано на лекарски прегледи и денеска треба да го потпиша договорот со Интер.

Видал после две сезони ја напушти Барселона и се врати во Серија А, односно одлучи негов нов клуб да биде Интер. Чилеанецот синоќа пристигна во Милано, а тоа клубот од Меаца го потврди на Твитер.

Лекарските прегледи се закажани за денеска, а после тоа се очекува Видал да потпише тригодишен договор и да биде официјално претставен како нов фудбалер на Интер.

Откако пристигна во Милано искусниот играч испрати порака до навивачите на Интер: „Чао Милано, чао Интер, пристигнав.“