дома Хроника (Видео)АВТОБУСОТ И ПРИВЕДЕНИТЕ ВО ПС АВТОКОМАНДА: По каменувањето приведените пренесени во ПС...

(Видео)АВТОБУСОТ И ПРИВЕДЕНИТЕ ВО ПС АВТОКОМАНДА: По каменувањето приведените пренесени во ПС Автокоманда, на увид и автобусот!

Околу 15 лица се приведени во инцидентот кој доцна попладнево се случи на последната автобуска постојка на 45 во скопско Сингелиќ.

Според првичните информации со кои располага МВР, околу 19:35 часот на улицата „Алија Авдовиќ“ дошло до тепачка меѓу две групи, при што едната група го каменувала автобусот со број 65-б.

Од каменување биле искршени четири прозорци на вториот кат од автобусот.

Приведени се околу 15 лица од двете групи и однесени се во полициска станица на разговорот.

Засега нема информации дали во инцидентот има повредени лица.