дома Политика (Видео)АМДИ БАЈРАМ ВООДУШЕВЕН ОД ЗОРАН ЗАЕВ: Бајрам му спремаше кафез на „зајко“,...

(Видео)АМДИ БАЈРАМ ВООДУШЕВЕН ОД ЗОРАН ЗАЕВ: Бајрам му спремаше кафез на „зајко“, ама сега видел дека тој бил со народот

Откако лидерот на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам, побара од владата мерки за надминување на сиромаштијата, на денешната седница посветена на пратеничките прашања доби одговор од премиерот Зоран Заев.

-Се залагаме да се донесе закон за бесплатно болничко лекување. Тоа не го бараат богатите бидејќи тие може да го плаќаат надоместокот, туку тоа го бараат сиромашните граѓани – рече Заев.

Бајрам изрази задоволство од одговорот на Заев, истакнувајќи дека за прв пат еден премиер му одговорил како што треба на пратеничките прашања.

-Се гледа вие се залагате за народот и како идете ќе бидете добар за секото – рече Бајрам, кој до вчера беше во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, а по локалните избори стана независен пратеник.