дома Актуелно (Видео)БЛАГОДАТНИОТ ОГАН ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА: Предмалку директно од Исусовиот гроб во Македонија...

(Видео)БЛАГОДАТНИОТ ОГАН ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА: Предмалку директно од Исусовиот гроб во Македонија пристигна благодатниот оган!

Бугарскиот митрополит Антониј на аеродромот во Софија му го предаде Благодатниот ерусалимски оган на македонскиот митрополит Иларион, по што огнот вечерва пристигна во Македонија, а ќе биде разнесен до сите храмови во пресрет на Христовото Воскресение.

Светиот оган во Македонија досега стигнувал од Солун, благодарение на духовници од Бигорски манастир и нивни лични пријателства со претставници од Грчката црква. Тој пристигнувал во манастирот околу полноќ, кога треба да започне пасхалната богослужба, а пoтoa оттаму бил разнесуван низ целата земја.

„Точно десет години, откако по иницијатива и заложби на Свештената бигорска обител за прв пат Благодатниот ерусалимски оган беше донесен на Света Пасха од Грција во Македонија, годинава тој ќе пристигне во нашата земја преку Бугарија. Овој пат неговото пристигнување ќе биде организирано на официјално ниво меѓу двете цркви – МПЦ-ОА и БПЦ. Благодатниот оган на аеродромот во Софија ќе му биде предаден на Митрополитот од МПЦ-ОА, Иларион Брегалнички, којшто ќе биде испратен со благослов од Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан. Веднаш потоа Митрополитот Иларион со хеликоптер ќе замине за Скопје, од каде што огнот ќе биде разнесен во православните храмови ширум Македонија“, велат од Бигорски манастир.

Репортер
Борислав Стоилковиќ