дома Социјални Мрежи (Видео)Венко да тера помалку PR, а повеќе работа, на граѓаните им требаат...

(Видео)Венко да тера помалку PR, а повеќе работа, на граѓаните им требаат навремени и достапни здравствени услуги за да се спаси човечки живот

Додека многу луѓе во пендемијава секојдневно се борат за својот живот, министерот Венко Филипче не е способен да ги исполни ниту неговите сопствени ветувања дека навремено ќе обезбеди вакцини за имунизација, пишува на фејсбук Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Додека министрите за здравство на Србија, Албанија, Бугарија, Грција напорно работеа и веќе им овозможија вакцинација на нивните граѓани, на доброволна основа, Венко Филипче правеше неетички PR со пациенти-деца и Дедо Мраз.

Додека лекот Xarleto (Клексан, против згрутчување на крвта) во Германија е 10€, Венко “заборавил” во Македонија да го стави на позитивната листа и истиот болните пациенти го плаќаат по 60€, од што некој зема дебели провизии.

Затоа на граѓаните не им треба PR-от на Венко, туку им треба конкретна и организирана помош за да се спаси човечки живот преку навремени и достапни здравствени услуги.