дома Актуелно (Видео)ВТОР СЛУЧАЈ НА ИЗБОРЕН КРИМИНАЛ ОД НАЧАЛНИЦИ ПОСТАВЕНИ ОД СДСМ: Освен кумановскиот,...

(Видео)ВТОР СЛУЧАЈ НА ИЗБОРЕН КРИМИНАЛ ОД НАЧАЛНИЦИ ПОСТАВЕНИ ОД СДСМ: Освен кумановскиот, и струмичкиот началник вмешан во криминал?

Претходно и началникот на СВР Струмица, исто така од СДСМ беше споменуван во случај со изборни нерегуларности откако ослободи лице кое претходно полицијата го приведе за наводен поткуп на гласачи

Полицијата го нашла тоа што го барала во домот на началникот на СВР Куманово Стојанче Величковиќ, се дознава од полициски извори.

Според неофицијални информации, полицијата во неговиот дом дошла со налог за претрес најверојатно под сомнение за можни изборни нерегуларности.

Од МВР нема официјални информации за случајот. Во деновите пред изборите медиумите објавија дека во Куманово се врши поткуп на гласачи со огревно дрво. Дали овој случај е поврзан со тој или станува збор за коинциденција нема информации. Величковиќ призна дека му била одземена документација но не откри детали.

Претходно и началникот на СВР Струмица, исто така од СДСМ беше споменуван во случај со изборни нерегуларности откако ослободи лице кое претходно полицијата го приведе за наводен поткуп на гласачи. Како што дознаваме, утринава под истрага бил и струмичкиот началник.

Во јавноста се зборува за сума од над осум милиони евра кои СДСМ ги пуштил во овие избори за кампања и за изборни цели, поврзани со албански и ромски гласачи. Јавноста потсетува и дека СДСМ должи одговор на прашањето дали се легнати огромни суми пари на сметки на физички лица од најтесното раководство на СДСМ и исто така дали се легнати огромни суми пари на сметки на правни лица блиски до Заев, СДСМ и Сорос?