дома Балкан (Видео)ГОРЕШЕ АМЕРИКАНСКОТО ЗНАМЕ ВО АТИНА: Протести во Атина по повод годишнината од...

(Видео)ГОРЕШЕ АМЕРИКАНСКОТО ЗНАМЕ ВО АТИНА: Протести во Атина по повод годишнината од соборувањето на воената хунта!

Грчката полиција се судри со демонстрантите во центарот на Атина, каде илјадници луѓе се собраа поради годишнината од наслните протести во 1973.година по кои од власт е соборена воената хунта


Околу 10.000 луѓе маршираа до американската амбасада во Атина, а многу Грци сметаат дека САД помагале на седмогишината воена диктатура на хунтата, пренесува Ројтерс.

Судирите избија по завршетокот на маршот, а поединечни демонстранти ја гаѓале полицијата со камења и Молотови коктели. Запалено е и американското знаме.

Грчката телевизија „Алфа“ пренесе полициска снимка од растерувањето на демонстрантите со солзавец. Дел од демонстрантите поставуваа и барикади.

Засега нема податоци за можни поврдени и уапсени, пренесува Танјуг.