дома Македонија (Видео)ГРУЕВСКИ ОД СОПИШТЕ: Владата да не прекинува прекинува само затоа што ги...

(Видео)ГРУЕВСКИ ОД СОПИШТЕ: Владата да не прекинува прекинува само затоа што ги започнало ВМРО-ДПМНЕ 

 Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска беше на повеќе локации во општината Сопиште.

Најпрво се упатив на местото во Сопиште каде се заврши од нас ветениот регионалниот пат од Кисела Вода – Припор до Сопиште, се заврши и патот од Центар до Сопиште, а завршен е и првиот крак од канализацината мрежа, многу значаен за Сопиште.

Тој заедно со тим од партијата, посети уште неколку места во општината Сопиште.

– Видов како се завршиле улицата број 7, улицата број 11, улицата број 12 во Долно Соње, а тука во Ракотинци градоначалникот ја започнува обновата на спортското игралиштето со сите потребни елементи, рече Груевски и додаде:

– Можам да кажам дека најголем дел од нашите ветувања се реализирани, дел се во фаза на реализација и сакам да апелирам до Владата она што е во тек да не го прекинува само затоа што го започнало ВМРО-ДПМНЕ бидејќи така се прави штета на граѓаните.