дома Интервју (Видео)ГРУЕВСКИ СО ДЕТАЛИ ЗА ПРЕГОВОРИТЕ СО АЛИ АХМЕТИ: Се беше договорено, биравме...

(Видео)ГРУЕВСКИ СО ДЕТАЛИ ЗА ПРЕГОВОРИТЕ СО АЛИ АХМЕТИ: Се беше договорено, биравме имиња на министри – тогаш дојде до жесток притисок од надвор!

Али Ахмети не човек кој сака да отстапи од дадениот збор, но беше под притисок од надвор, вели Никола Груевски, објаснувјаќи дека по изборите во 2016.година Ахмети дал две опции – или коалиција со ВМРО-ДПМНЕ или нови избори

„Кога ги започнавме преговорите со ДУИ за нова влада по изборите во 2016.година на првиот состанок тој ми кажа дека има две опции – или да направи коалиција со ВМРО-ДПМНЕ или ако не успее да се оди на нови избори. И тоа го кажа во присуство на најмалку уште тројца други луѓе. И мислам дека тогаш искрено зборуваше, затоа што тој ја донесе тезата во Македонија „победник со победин“. Тоа е човек што обично се држи до дадениот збор, сака да го одржи, не сака да се стави во ситуација да излаже.“ – вели Груевски во интервјуто за „Пинк 1“.

Преговорите највеќе се задржале во врска со законот за јазици, а по многу дебати било донесено заедничко решение да се донесе таков закон, но со многу помалку промени – без двојазичност на парите, униформите, итн. Закон кој би бил Уставен.

„Последниот ден кога тој практично требаше одлуката да ја помине на неговото претседателство и требаше да ги одредат имињата на министрите – ние веќе ресорите ги бевме поделиле, кој ресор ќе предложи министер ДУИ, кој ВМРО-ДПМНЕ – последниот ден практично дојде до пресврт, и од она што се мои сознанија, се работи з притисок од надвор. За жесток притисок од надвор!“.