дома Актуелно (Видео)ДЕМО(Н)КРАТИЈАТА НА САД: По една бомба на секои 20 минути, или повеќе...

(Видео)ДЕМО(Н)КРАТИЈАТА НА САД: По една бомба на секои 20 минути, или повеќе од 26.000 вкупно фрлиле авионите на САД во 2016!

Демократијата на САД се повеќе заличува на деспотска имепријалистичка нео-колонијална творба, отколку на земја од која Западот или целиот свет би требало да ги црпи позитивните животни вредности

Во 2016 година САД се покажаа како агресивна сила која има за цел  да предизвика што повеќе хаос во светот, водејќи се од принципот „подели па владеј“ а за таа цел фрлиле околу 26.000 бомби. Поточно, 26.171 бомба врз главите на цивили, жени и деца главно на блискиот и среден исток.

Највеќе демократија добила Сирија со 12.192 бомби, а веднаш зад Сирија е Ирак со 12.097. Потоа следат Авганистан со 1337 бомби, Либија со 496, Јемен 34, Сомалија 14 и Пакистан со „само“ три.

„Демократијата“ пристигнувала со три бомби на час, или со по една бомба на секои 20 минути, што е повеќе од 2015 година.