дома Актуелно (Видео)Детали за kaтacтpoфалнaта cooбраќајка на „Првомајска“

(Видео)Детали за kaтacтpoфалнaта cooбраќајка на „Првомајска“

Најмалку две лица го загубија својот живот, а најмалку шестмина се повредени во катастрофалната сообраќајна незгода која доцна вечерва се случи на булеварот Борис Трајковски (Првомајска) веднаш по семафорите на крстосницата кај цементарница.

Според неофицијалните податоци, се работи за млади човечки животи.

Во сообраќајката учествувале пет возила, од кои три се целосно уништени.

Причина за сообраќајната незгода е несоодветна брзина на движење.

Минатата недела сообраќајната полиција изрекла преку 300 казни за брзо возење на несовесни возачи само на оваа сообраќајница, од крстосницата кај Цементарница до населбата Драчево.