дома Македонија (Видео)ДОЛУ ВЛАДА, УА ПРЕДАВНИЦИ: Народот протестираше против законот за двојазичност!

(Видео)ДОЛУ ВЛАДА, УА ПРЕДАВНИЦИ: Народот протестираше против законот за двојазичност!

ФОТО: А: ИВАНОВСКИ (РЕПУБЛИКА)

„Долу влада“, „Уа предавници“, „Не за бинаионална држава“ скандираа граѓаните пред Собранието каде е закажана седница на која на дневен ред е Законот за употреба на јазици.

Ова не е бинационална, туку мултиетничка држава, Не ни треба НАТО. Ние сме Македонци. Македонија е античко име. Има антички градови во Македонија, Астибо, Стоби… Александар Македонски е роден во Пела, која е дел од Егејска Македонија, извикуваа учесниците што протестираат и против промена на името.

Два кордони полиција се наредени пред Собранието со цел да се спречат инициденти.