дома Русија (Видео)ЕКСПЛОЗИЈА ВО УЧИЛИШТЕ ВО РУСИЈА: Еден ученик загина, најмалку 11 повредни откако...

(Видео)ЕКСПЛОЗИЈА ВО УЧИЛИШТЕ ВО РУСИЈА: Еден ученик загина, најмалку 11 повредни откако осмоодделенец активирал бомба!

Еден ученик загина, а најмалку 11 се повредени во експлозија во училница во основно училиште во руската република Дагестан.

Три повредени деца се во критична состојба, соопшти локалната болница.

Бомбата е активирана во кабинетот по информатика, изјави директорот на училиштето, јавуваат руските медиуми.

Според првичните податоци, експлозивната направа ја внесол ученик од осмо одделение.

https://www.youtube.com/watch?v=fRcPJqTO5bw