дома Свет (Видео)ЖЕСТОКИ БОРБИ ВО СИРИЈА: Опколен аеродромот во Деир ез Зор, преку 14.000...

(Видео)ЖЕСТОКИ БОРБИ ВО СИРИЈА: Опколен аеродромот во Деир ез Зор, преку 14.000 терористи вршат жестока офанзива!

Сирските сили во Деир ез Зор продолжуват со пожртвуваната одбрана пред налетот на огромен број терористи од ИСИС

По безуспешната серија напади на болницата „Ал Асад“ во северозападните делови на градот, терористите на ИСИС ја промениле тактиката и тргнале на силен удар на двете страни на патот кој го спојува аеродромот со градските населби кои се под контрола на сириските власти.

Во овој напад, терористите ја освоија и индустриската зона Ал Макабис, која се наоѓа на источната страна на пругата, со што аердоромот кој го брани Сириската армија од самиот почеток на војната се наоѓа опколен од ИСИС.

Воените извори сметаат дека во офанзивата учествуваат околу 14.000 терористи, а ИСИС им ветила куќа и жена на секој кој ќе учествува во борбите во Деир ез Зор. По отсекувањето на гадот, ИСИС ги интензивирала нападите во деловите на градот каде што се наоѓа аеродромот.

Во текот на целиот ден руската и сириската авијација вршат постојани удари на позициите на терористите во Деир ез Зор, но тоа сепак не се докажало како доволно ефикасно за да се обезбеди сигурна одбрана од големио број на терористи кои тргнале во најголемата офанзива во Деир ез Зор.

https://www.youtube.com/watch?v=Fl-CPTV-Lg4