дома Македонија (Видео)ЗАЕВ ОТИДЕ НА ХАЛКИДИКИ: Наместо да мете во Влада, Заев отиде да...

(Видео)ЗАЕВ ОТИДЕ НА ХАЛКИДИКИ: Наместо да мете во Влада, Заев отиде да ја „замете“ викендичката во Халкидики

Кабинетот на премиерот Заев информираше дека Зоран Заев во периодот од 10-ти до 14-ти мај ќе користи дел од своите слободни денови за приватни причини.

Доколку некој од вас се прашува каде замина премиерот Заев додека македонската јавност крева прашина околу неговата „метла“, Инфомакс дознава дека Заев веднаш го јавнал својот „ѕвер“ на две тркала и правец Халкидики.

Бугарски медиуми открија дека Заев поседува куќа на Халкидики, во туристичкото место Неа Мудања, пишуваат бугарските медиуми.

Он-лајн изданијата на позвучните „Труд“,“ Монитор“, а и другите пишуваат дека луксузната куќа на Заев чинела 100 илјади евра, но истовремено пренесуваат анализи и од грчките медиуми и брокерски агенции- кои пак тврдат дека вилата на македонскиот премиер е многу поскапа од наведената сума- односно дека чини 300 илјади евра.