дома Актуелно (Видео)ЗАЕВ ПЛАТИЛ ЗА БРОЈЧАНИКОТ, ДОЗВОЛАТА ЗА ГРАДБА СЕ КРИЕ ОД ЈАВНОСТА: Кое...

(Видео)ЗАЕВ ПЛАТИЛ ЗА БРОЈЧАНИКОТ, ДОЗВОЛАТА ЗА ГРАДБА СЕ КРИЕ ОД ЈАВНОСТА: Кое лице се шеташе со владина папка и дозволите за градба на бројчаникот?

Инкогнито обид на власта се претвори во вистински циркус откако работниците кои треба да го постават бројчаникот на „Порта Македонија“ не знаеја кој им е шеф, а кој одговорен за градежната операција

На терен беа излезени екипи кои оперираа со кран на компанијата „Прототип“, а заедно со нив, и екипи на ЈП Државни патишта кои асистираа на поставувањето на споменикот. Од она што успеавме да го дознаеме од лице кое тврдеше дека е случаен минувач, а во рацете држеше папка со натпис „Влада на Р.Македонија“ во која беше наводната дозвола за поставување на бројчаникот, се работи за приватна донација платена од Зоран Заев.

Зошто беа злоупотребени државни ресурси за поставување на времен објект платен од приватно лице со приватна градежна дозвола, не ни беше одговорено. Наместо тоа добивме дрзок однос на легитимни прашања од лице кое се претстави како „случаен минувач“ кој во себе ги носеше наводните дозволи за поставување на бројчаникот во папка на Владата на Р.Македонија.

Освен документи од владата, имаше и документи на Собранието за кои не успеавме да добиеме одговор што значат.

Инфомакс, уште еднаш беше причина за паника и нервозна реакција од претставници на власта, кои одбиваат да дадат одговор на легитимни прашања, чиј одговор е од нивна корист. Наместо тоа, кога немаат одговор на нашите прашања, напразно обвинуваат за „спинувани“ информации и „фејк-њуз“.