дома Политика (Видео)КАМЕН НА СОПНУВАЊЕ БЕШЕ ДВОЈАЗИЧНОСТА: Доколку ДУИ реши повторно да започне да...

(Видео)КАМЕН НА СОПНУВАЊЕ БЕШЕ ДВОЈАЗИЧНОСТА: Доколку ДУИ реши повторно да започне да преговара со нас, ние сме отворени!

Цениме дека тоа не е продуктивно. Постизборни етнички платформи кои ги пробиваат рамките на охридскиот рамковен договор не се во корист на меѓуетничката доверба и стабилност во државата, рече Антонио Милошоски во интервју на телевизијата ТВ21

Секое создавање платформи на една етничка основа, може да испровоцира реакција и создавање на друга или на трета платформа, на Турците, ромите и другите заедници. Цениме дека тоа не е продуктивно. Постизборни етнички платформи кои ги пробиваат рамките на охридскиот рамковен не се во корист на меѓуетничката доверба и стабилност во државата.

Ова го изјави Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, во гостувањето во емисијата „Десет минути“ на телевизијата „ТВ21“, коментирајќи ги иницијативите за создавање т.н. македонска платформа, како одговор на платформата што после изборите ја донесоа албанските партии. Тој нагласи дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ е секогаш да се брани стабилноста на државата, но дека создавањето платформи не води кон таква стабилност.

Милошоски одговараше на повеќе прашања, од кои повеќето беа за разговорите за формирање нова влада. Тој откри дека камен на сопнување во разговорите во најголема мера било барањето на ДУИ за двојазичност на територијата на целата држава, што за ВМРО-ДПМНЕ било неприфатливо.

– Десет отсто од разговорите беа посветени на СЈО, а 80 отсто на темата Албанскиот јазик. Камен на сопнување беше инсистирањето јазикот албански да биде службен јазик на територија на цела Македонија. Ние рековме дека немаме ниту уставен, ниту изборен легитимитет тоа да го направиме, туку дека сме подготвени да видиме кои се опциите за унапредување таму каде што е веќе застапен – рече Милошоски.

Тој додаде дека во мигов нема преговори со ДУИ на тема формирање влада.

– Откако истече мандатот за формирање на владата, немаме официјални разговори. Оставаме сега на ДУИ како партија која што отвори разговори со други политички опции, да се произнесе. Отворени сме за соработка, но нема да бидеме тие кои ќе се наметнуваат на кого било кој не чувствува дека во моментот може да донесе издржана одлука за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

Сепак, иако пропаднаа преговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Милошоски рече дека не е отфрлена можноста да има повторно нови разговори.

– Ние сме отворена партија, сме имале соработка со ДУИ и доколку има интерес од нивна страна, не би одбегнувале такви теми – рече Милошоски.

ВИДЕО: ТВ21

https://www.youtube.com/watch?v=wuPc-FoBYio