дома Актуелно (Видео)КОЈ САКА ДА БИДЕ ВАЗАЛ, БУЈРУМ ВО НАТО: Како Путин во две...

(Видео)КОЈ САКА ДА БИДЕ ВАЗАЛ, БУЈРУМ ВО НАТО: Како Путин во две реченици ги закопа аспирантите на НАТО!

Во понеделникот, американската телевизиска мрежа „Шоутајм“ ја емитуваше првата епизода од ексклузивното интервју на документаристот Оливер Стоун со претседателот на Руската Федерација, и лидерот на слободниот свет според Стоун, Владимир Путин. Во интервјуто, кое е составено од четири дела, Путин зборува за најактуелните теми во светот, но и за неговиот интимен живот, работата и биографијата

Како што информира Стоун, ниту едно прашање не било забрането, а Путин бил среќен да одговори дури и на најпровокативните. Меѓу оние провокативни прашања, е и она за НАТО.

Според Путин, НАТО е само инструмент на надворешната политика. Оваа организација нема сојузници, туку сите се вазали на САД.

„НАТО е само инструмент на надворешната политика на САД. Нема сојузници, само вазали.“ – вели Путин и додава „Кога една земја ќе стане членка на НАТО, многу е тешко да го издржи притисокот на САД“.

Согласно аспирациите на двете најголеми политички партии во Македонија, државата нема алтернатива освен во НАТО. Сепак, широкото мнозинство не планира да биде ничиј вазал, без разлика на тоа што нивните лидери веќе станале.