дома Европа (ВИДЕО)Купил најново БМВ и го 3дpoбил по само 11 километри

(ВИДЕО)Купил најново БМВ и го 3дpoбил по само 11 километри

Задоволството од возењето во новиот автомобил на БМВ за еден Американец траело само неколку минути.

Деталите за несреќата во голема мерка се непознати, но судејќи според фотографиите и видео снимките, сопственикот на БМВ се судрил со голема брзина.

Несреќата се случила во Балтимор и, наводно, било вмешана и друго возило што го погодило БМВ- то од страна. Возачот на БМВ изгубил контрола над возилото и завршил во телефонски столб. Други информации велат дека во несреќата бил вклучен кросовер чиј возач нагло и без да ги предупреди останатите учесници во сообраќајот решил да сврти полукружно на дел од патот каде што било забрането.

Во секој случај, BMW претрпе голема штета. Да потсетиме, М5 работи на 4,4 твинтурбо мотор со 600 КС и 750 Нм, 100 км на час стигнува за 3,4 секунди и може да повлече над 300 км на час. Во Америка, чини над 100.000 долари.