дома Македонија (Видео)ЛИЛЈАНА ПЕТКОВСКА ИЗЛАЖАНА ОД СДСМ И ЗОРАН ЗАЕВ: Излегов тука бидејќи Заев...

(Видео)ЛИЛЈАНА ПЕТКОВСКА ИЗЛАЖАНА ОД СДСМ И ЗОРАН ЗАЕВ: Излегов тука бидејќи Заев зборуваше нешто друго, ова е катастрофа!

Помеѓу илјадниците охриѓани кои денес мирно протестираа за зачувување на унитарноста на Македонија, имаше и разочарани членови на СДСМ.

Лилјана Петкоска, пред медиумите излезе со знамето на СДСМ и истакна дека се чувствува излажана од изјавите на Заев.

„Јас сум поддржувач на СДСМ, гласав за нив, но ова шо се случува сега не го поддржувам. Не сум за платформата. Ова е чиста глупост, значи јас сум 69 години и сум излажана од она што го кажуваше Заев. Ова е срам за Македонија“, рече Петкоска, додавајќи дека е тука на собирот со останатите присутни да испратат порака за спас на Македонија.