дома Македонија (Видео)(НЕ)ЗАВИСНО НОВИНАРСТВО: На Шекеринска и падна незгодно од додворувањето на новинарката Смилевска!

(Видео)(НЕ)ЗАВИСНО НОВИНАРСТВО: На Шекеринска и падна незгодно од додворувањето на новинарката Смилевска!

Дописничката на Ал Џезира Балканс, Милка Смилевска, на прес-конференција и се додворуваше на министерката за одбрана Радмила Шекеринска, пренесува Лидер.


Јас имам една дилема, сите ние во македонската јавност фокусирани на овој посебен дел од имплементација на договорот, уствари забораваме колку и беше тешко на Македонија да испреговара со Грција и да се приближат двете страни. Прашањето ми е, како може во Собранието, ако претпоставиме дека седат пред се интелигентни луѓе, а број два претпоставуваме и патриоти, не можат да го препознаат овој историски момент за нашата земја. Еве како ќе го искоментирате тоа, како го доживувате? – праша Смилевска.

Шекеринска не и одговори, бидејќи деновиве не била присутна во Собранието, па прашањето го пренасочи кај министерот за надворешни работи Никола Димитров.