дома Актуелно (Видео)НЕ ГИ САКА НАРОДОТ: За малку избегнат поголем инцидент на Мечкин Камен,...

(Видео)НЕ ГИ САКА НАРОДОТ: За малку избегнат поголем инцидент на Мечкин Камен, откако граѓаните со лименки и шишиња го гаѓаа Кочо Анѓушев и останатите министри!

На денешната прослава на Илинден во Крушево, за малку беше избегнат поголем инцидент откако насобраните граѓани кои присуствуваа на прославата на Мечкин Камен одлучија да се пресметаат со министрите од владата на Заев кои очигледно ги сметаат за предавници.

По дел од патот министерот за транспорт и врски Сугаревски, министерот за администрација Маневски, вицепремиерот Анѓушев и Љубе Бошковски беа исвиркувани, нарекувани предавници и други погрдни имиња. Но, дел од насобраните граѓани започнаа да ги прскаа министрите со вода и пиво, а потоа и да ги гаѓаат со празните шишиња и лименки, на што за малку не интервенираа 40-телохранители и полицајци кои ја обезбедуваа делегацијата. Кулминација на пцовките имаше кога делегацијата од владата на Заев положуваше цвеќе, а навивачката група Комити упати низа погрдни зборови кон владината делегација.