Две експлозии биле слушнати вечерва во Багдад во т.н. зелена зона, во која постои меѓународна согласност за апстиненицја од воени дејствија. Пред двете експлозии да го потресат главниот град на Ирак, анти-ракетната заштита и сирените ги предупредиле граѓаните.
Информацијата ја соопшти на Твитер репортерот на американската телевизија „Фокс Њуз“ Треј Јингст, кој објави и снимка од предупредувачките сирени.
Засега не е познато од каде потекнуваат експлозиите, но се шпекулира на ракетен напад изведен од Хезболах.
BREAKING: Rocket fire into Baghdad’s Green Zone pic.twitter.com/HaPcDaF22Z
— Trey Yingst (@TreyYingst) January 8, 2020