дома Занимливости (Видео)ОБЛЕЧЕН, А ГОЛ: Вака изгледаат новите модели на фармерки, кои се промовираат...

(Видео)ОБЛЕЧЕН, А ГОЛ: Вака изгледаат новите модели на фармерки, кои се промовираат како „последна мода“

На интернет во продажба се појави модел на фармерки по кои зaвладеа вистинска драма. Иако се продаваат како панталони, не сме сигурни дека би требало да бидат во таа категорија.

Судејќи по фотографиите, вистински предизвик е да се облечат, но и да се носат овие панталони, кои се направени во поголемиот дел од ленти, но и од парчиња растеглив тексас.

Задницата и препоните се покриени со материјал, а остатокот е во бели ленти.

Цената за овој модел е 50 долари.

Засега во продажба е само женскиот модел, а на интернет се појавија барања модниот бред да размисли и за машка колекција иако уште сега не би сакале да замислиме како тоа би изгледало.

https://www.youtube.com/watch?v=s2SONb4ucMM