дома Свет (Видео)Објавена снимка од моментот на уривањето на мостот во Мајами

(Видео)Објавена снимка од моментот на уривањето на мостот во Мајами

Властите на Флорида соопштија дека денеска после „стрес тестот“ се разлабавиле сајлите на бетонскиот пешачки мост тежок 950 тони, кој се сруши среде улица, усмртувајќи 6 лица.

Додека државните и федералните истражувачи работат на утврдување на причината на падот на мостот поставен пред само 6 дена, политичарите на Флорида укажуваат на „стрес тестот“ и разлабавување на сајлите како на можни фактори, но началникот на полицијата на Мајами апелира до сите да не извлекуваат заклучоци прерано.

Мостот е изграден минатата сабота за само 6 часа со популарен, но релативно нов метод. Се наведува дека мостот вреди 14,2 милиони долари, а официјално требало да биде отворен следната година.