дома Свет (Видео)Ова е последното нешто што очекувате да го видите во авион: Сакала...

(Видео)Ова е последното нешто што очекувате да го видите во авион: Сакала да ја земи својата торба, но доживеала непријатно изненадување

Последното нешто што очекувате да видите во авион е скорпија. И тоа во делот за рачен багаж кој се наоѓа точно над главите на патниците.

Токму тоа се случило на летот Риау-Сокарно во Индонезија. Кога авионот слетал, патниците доживеале непријатно изненадување.

Компанијата “Лајон ер” истражува како оваа отровница завршила во авионот.

“Бев во 19-ти ред со уште двајца патници. Кога видовме скорпија над нашите глави, излеговме од авионот најбрзо што можевме. Таа можеше да падне на нас и резултатот да биде фатален”, рече една од патниците.

https://www.youtube.com/watch?v=LewXzWWkpjU