дома Локално (Видео)ОТКОРНАТИ ШАХТИ И ТРОТОАРИ ВО СТРУГА: 15 центиметри снег во Струга се...

(Видео)ОТКОРНАТИ ШАХТИ И ТРОТОАРИ ВО СТРУГА: 15 центиметри снег во Струга се чисти со тешка градежна машинерија!

Струшките јавни патишта по снежниот бран кој ја зафати Македонија се целосно затрупани во снег.

Локалната власт наместо со специјални возила и машини опремени за чистење на патиштата, во Струга јавните и локалните патишта се чистат со градежни машини, кои според законот не би смееле да се движат по овие патишта, а уште помалку да ги чистат.

Иако според инженерите дозволеното законско оптоварување на две осовини за возилата кои се движат на овие патишта е 18 тони, голем број од градежните машини надминуваат 25 тони, а некои од нив достигнуваат и до 30 тони.

Надминувањето на дозволената тежина е недозволиво бидејќи овие машини прават огромни штети на коловозите и пропратните елементи како столбови, шахти, тротоари и слично. Истите штети се видливи.

Општината за сето ова мочли, но за жал нема реакција ни од надлежните органи кои треба да реагираат според законот за безбедност во сообраќајот и токму ваквите пропусти да ги спречи, отстрани или пак санкционира.