дома Македонија (Видео)ПАНДОВ ЗА ИНФОМАКС: Ако се седи дома и само од дома се...

(Видео)ПАНДОВ ЗА ИНФОМАКС: Ако се седи дома и само од дома се галами нема ништо да се постигне!

Аналитичарот Александар Пандов во своето мини интервју за нашиот портал од протестот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека единствениот јазик кој ваква како што вели фaшиcтичкa хунтa го разбира е јазикот на улицата, јазикот на протестите. Тој посочува дека со седење дома и галамење ништо не може да се постигне.

-Ваква хунта, ваква насилна и тepopcтичкa власт, ваква фaшcтичкa власт единствен јазик кој го подразбира е протестот. Протестите се единствен начин како ние можеме да тргнеме и да ги собориме овие луѓе. Ако се седи дома и само од дома се галами нема ништо да се постигне. Јас апсолутно сум поборник и моето долгогодишно политичко делување во Македонија ми докажало протестите и само протести се ефективни против ваква Влада.

Според Пандов обвиненијата, против минатото раководство на опозициајта, притворите и обвиненијата на водачите на ,,Заедничка Македонија”, како и малтретирањето на припадниците на навивачката група Комите се доволни примери за политички прогон во Македонија и причина плус да се излезе на улица.

-Ние имаме еве пред зградата на ВМРО-ДПМНЕ се наоѓаме, ние имаме 2о-30 луѓе од минатото раководство на партијата се под разно разни обвиненија. Потоа имаме целокупно беше раководство на ,,Заедничка Македонија” од кои исто така кој е во притвор, кој е во домашен притвор, а сеуште се води обвинение. Значи сето тоа.