дома Свет (Видео)Патник не можел да седи во авионот:Излегол преку неговото крило

(Видео)Патник не можел да седи во авионот:Излегол преку неговото крило

Еден патник на лет на „Рајанер“ од Лондон до Малага го изгубил трпението кога авионот останал на пистата половина час пред патниците да може да излезат од него, па на крајот решил работите да ги преземе во свои раце.

Анонимниот патник бил снимен како излегува од вратата за итни случаи и седнува на крилото од авионот.

Снимката најпрвин се појави на социјални мрежи, а набргу за овој случај почнаа да пишуваат и светските медиуми.

Тој рекол дека сака да го напушти леталото на сопствена одговорност тврдејќи дека има напад на астма и дека итно му е потребен воздух. Кога поминал некое време на крилото од авионот, се вратил во леталото, си ги зел работите и излегол на регуларен начин.

Кога конечно сите излегле, патникот морал да ѝ ја објасни ситуацијата и на шпанската полиција.

„Беше однесен на распит бидејќи ги прекршил правилата за безбедност, но тоа бргу било разрешено со шпанските власти“, се наведува во соопштението на „Рајанер“.