дома Русија (Видео)ПОВТОРНО ВОЈНА ВО УКРАИНА: Украинските сили гранатираат цивили во Донбас, востаниците возвраќаат!

(Видео)ПОВТОРНО ВОЈНА ВО УКРАИНА: Украинските сили гранатираат цивили во Донбас, востаниците возвраќаат!

Украинските безбедносни сили ги гранатираат јужните области на самопрогласената Доњецка Народна Република, изјави претставник на администрацијата на Новоазосвскиот округ

Во моментов бележиме напади во предградието Саханка, Ленинско и други во нивна близина. Во предградието Саханка се забележани дури 20 артилериски експлозии – рекол претставник од огругот. Тој додава дека сеуште нема податоци за жртви и материјална штета.

За време на гранатирањето на местото Јасиново граната паднала во двор на стамбена куќа, но не експлодирала, велат од градската управа. Освен тоа, оштетена е и зградата на железничкото депо.

Претходно востаниците и претставниците на украинските сили соопштија дека дошлодо влошување на ситуацијата во Донбас. Двете страни се обвинуваат за интензивно гранатирање и се обидуваат да спроведат офанзива на лидинијата на допир во регионот на Доњецк.

Украинските сили воведоа и вонредна состојба во Авдејевка, која е под контрола на украинските сили. Жителите на ова место се без вода, греење и струја. Според податоците на мисијата на ОБСЕ, тешка е ситуацијата и во градот Јасиновати, кој се наоѓа во близина на Доњецк.

https://www.youtube.com/watch?v=NfKGz9peGVQ