дома Македонија (ВИДЕО)Прилог за РК Вардар на катарска телевизија – бесценето!

(ВИДЕО)Прилог за РК Вардар на катарска телевизија – бесценето!

Се изнаслушавме и се изнапрочитавме за реакциите на многу медиуми низ Европа за успехот на ракометарите на Вардар, кои викендов станаа главна вест освојувајќи ја по вторпат во три години ракометната Лига на Шампиони.

Во множеството реакции, најмногу од Балканот и по некоја од остатокот на Европа, наидовме на прилог емитуван на катарскиот спортски канал Беин ТВ. Прилогот е посветен најмногу на Калифа Гедбане, алжирскиот чувар на мрежата на вардарци, кој во финалето, покрај неколкуте „обични“ одбрани, во најтешките мигови при крајот од дуелот, со глава запре еден удаp кон голот на Вардар.

Милина е да се слушне како Катарциве занесено зборат за успехот на Вардар и Гедбане. Уживајте!