дома Македонија (Видео)ПРОТЕСТИ НА МОТОЦИКЛИСТИТЕ: Стотина моторџии денес протестираа поради црната статистика и хаосот...

(Видео)ПРОТЕСТИ НА МОТОЦИКЛИСТИТЕ: Стотина моторџии денес протестираа поради црната статистика и хаосот во сообраќајот!

Возењето се одвиваше под мотото „Погледни двапати, спаси живот“, кое е дел од глобалната кампања на ФИМ (Светска мото-федерација), каде што се апелира кај сите учесници во сообраќајот да погледнат двапати пред да завртат со автомобилот за да ги забележат мотоциклистите, со што би се спасил живот.

Од Мотоциклистичката федерација на Македонија велат дека со протестното возење се испраќа порака до сите учесници во сообраќајот, како и до сите институции и организации што со своето дејствување на кој било начин се во сообраќајната проблематика, да посветат многу поголемо внимание за присутвото на мотоциклистите на сообраќајниците.

„Застрашувачки, поразителни и алармантни се постојаните известувања за настрадани мотоциклисти во сообраќајните незгоди, со што, за жал, тие веќе влегуваат во едни од најранливите категории учесници во сообраќајот“, се наведува во соопшението на Федерацијата.

Борислав Стоилковиќ