дома Свет (Видео)ПУКНА БРАНА: Втората најголема брана во Калифорнија почна да истекува, наредена итна...

(Видео)ПУКНА БРАНА: Втората најголема брана во Калифорнија почна да истекува, наредена итна евакуација на населението!

Наредба за евакуација на граѓаните на градот Оровил во околината Јуба во Калифорнија, приситгна откако преливникот кој се користи само во итни вонредни ситуации, почнал да напукнува

Комбинираната популација на областите кои се зафатени од текот на водата, е околу 100.000 луѓе. Калифорнискиот департман за водни ресурси наредил итна евакуација на граѓаните во правец на север.

Социјалните мрежи вријат со пораки за сообраќаен метеж од луѓе кои се обидуваат да избегаат од загрозените подрачја. Се очекува и голема поплава, за што е издадено и предупредување кое ќе трае до попладнето во Понеделник.

Властите известуваат дека ќе користат хеликоптери за да постават вреќи со песок и камења за да се успори протокот на вода.

Во четвртокот се формирала голема дупка во преливникот на браната, за која надлежните стравуваат дека ќе продолжи да се шири до моментот додека не пристигне до тлото. Од преливањето на водата властите стравуваа дека ќе дојде до ерозија на земјиштето што може да предизвика целата брана да биде ставена во опасност од колапс.

Браната е највисока во земјата, и втор најголем воден резервоар во Калифорнија.