дома Свет (Видео)ПУТИН И ЕРДОГАН ГО ПУШТИЈА ВО УПОТРЕБА „ТУРСКИ ТЕК“: Русија и Турција...

(Видео)ПУТИН И ЕРДОГАН ГО ПУШТИЈА ВО УПОТРЕБА „ТУРСКИ ТЕК“: Русија и Турција ќе остварат промет од 100 милијарди долари со пуштањето во употреба на „Турски тек“

Рускиот претседател Владимир Путин, заедно со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, присуствуваа на церемонијата за завршување на изградбата на поморскиот дел од гасоводот Турски Тек преку теле-мост.

Претседателот на Русија на отворањето рече дека “Турскиот тек” ја покажа својата ефикасност во соработката со Турција во решавањето на најтешките проблеми.

Рускиот претседател, исто така, истакна дека Русија е сигурен снабдувач со природен гас.

Тој додаде дека Русија и Турција ќе остварат промет од 100 милијарди долари.

Првата гранка е планирана да обезбеди гас за турски потрошувачи и ќе почне да работи оваа година. Втората гранка е наменета за снабдување на земјите од Јужна и Југоисточна Европа, а нејзиното пуштање во употреба е планирано за 2019 година.