дома Занимливости (Видео)РАЗОЧАРАН ОД ЖИВОТОТ МЕЃУ ЛУЃЕ: Човекот кој беше одгледан од волци, сака...

(Видео)РАЗОЧАРАН ОД ЖИВОТОТ МЕЃУ ЛУЃЕ: Човекот кој беше одгледан од волци, сака да се врати назад во дивината!

Маркос Родригез Пантоја од Шпанија 12 години живеел меѓу волци во планина, а на негови 19 години го пронашла Цивилната заштита и го вратиле во цивилизација.

Сепак, дури и сега, кога има 72 години, Пантоја вели дека никогаш целосно не се навикнал на животот со луѓето.

Роден е во Кордоба во 1946 година. Ја изгубил мајката кога имал само 3 години, а кратко потоа го напуштил и неговиот татко, кој заминал да живее со друга жена во соседниот град.

Татко му го продал на некој фармер кој живеел во планината Сиера Морена. Фармерот набрзо починал, па Маркос продолжил сам да живее во дивината.

Маркос одгледувал околу 300 овци, научил сам да пали оган и да користи разни алати.