дома Образование (Видео)РОДИТЕЛИТЕ ОД ГАЗИ БАБА ЗАГРИЖЕНИ: Училиштата служат за едукација на децата, а...

(Видео)РОДИТЕЛИТЕ ОД ГАЗИ БАБА ЗАГРИЖЕНИ: Училиштата служат за едукација на децата, а не за верски обреди!

Откако се одржа верски обред и приватна прослава во основното училиште Крсте Петков Мисирков во скопска Гази Баба, денеска загрижени родители го запрашаа градоначалникот на општина Гази Баба дали во објекти кои се наменети за воспитување на деца е дозволено да се вршат верски прослави.

-Сакаме да го потсетиме градоначалникот Борче Георгиевски дека основна дејност и намена на училиштата треба да биде воспитување и образување на децата. Со кое право градоначалникот дал дозвола за вакво нешто. Дали училиштата се негова приватна сопственост и со нив може да располага како сака? Жителите се изреволтирани од неговото однесување, велат загрижените граѓани.