дома Актуелно (Видео)СОСТОЈБАТА ВО ТЕТОВО АЛАРМАНТНА: Гори депонијата на само 100 метри од центарот...

(Видео)СОСТОЈБАТА ВО ТЕТОВО АЛАРМАНТНА: Гори депонијата на само 100 метри од центарот на градот, во опасност силосите со жито на „Жито Тетово“!

Алармантна е состојбата во Тетово, изби пожар од дивата депонија. Се случи токму она од кое тетовчани стравува- дека ќе се соочат со истиот проблем како стружани.

 

Пламените јазици се шират кон силосите за жито на влезот на Тетово. Во близнина има и далековод кој што исто така може да биде зафатен од пожарот.

На неколкупати од депонијата се издигнува густ, црн чад, а граѓаните се жалат дека несподносливата смрдеа и чадот освен близу депонијата сега се чувствува насекаде низ Тетово.

 

 

Домови на тетовчани се наоѓаат на само десетина метри од депонијата. Граѓаните на Тетово неодмна и протестираа и бараа од општинските власти под итно дивата депонија да се да се префрли на друг дел од градот и еднаш за секогаш да се најде трајно решение за овој проблем.