дома Спорт (Видео)СО ЗОЉА ГО СЛАВЕШЕ СРЕБРОТО НА ХРВАТСКА: Страствен навивач извади зоља и...

(Видео)СО ЗОЉА ГО СЛАВЕШЕ СРЕБРОТО НА ХРВАТСКА: Страствен навивач извади зоља и испали ракета за да го прослави среброто на Хрватска!

Вчера беше ден за славје во Хрватска каде илјадници граѓани ги пречекаа своите фудбалери кои ги израдуваа со второто место на Мундијалот во Русија.

Улиците беа преполни скоро во сите градови и место во земјата, а очекувано, се славело и во неколку градови во Босна и Херцеговина каде живее претежно хрватско население.

Сепак, овој човек и тоа како претерал со славјето во кое се решил да употреби и ракетен фрлач во местото Широки Брег во БиХ.

На социјалните мрежи се појавија и уште неколку видеа од истото место во Босна каде што славениците со хрватски знамиња и транспаренти извикувале навредливи пароли и пееле навредливи песни против државата во која живеат.