дома Свет (Видео)ТВИТЕР ЕКСПЛОДИРАШЕ: ,,Проруски огномет“ на инаугурацијата на Трамп

(Видео)ТВИТЕР ЕКСПЛОДИРАШЕ: ,,Проруски огномет“ на инаугурацијата на Трамп

Спектакуларниот огномет организиран во Вашингтон , вечерта пред инаугурацијата на Доналд Трамп стана хит на социјалните мрежи, но не поради пиротехничките ефекти туку поради тоа што некои ја ,,обвинија“ Русија дека и во огнометот се замешала.

Всушност, огнометот кој требаше во небо да ги покаже буквите USA (Соединети Американски Држави, излезе скратеница која повеќе личи на USR, па некои тоа го протолкуваа како Соединети Руски Држави (United States of Russia).

https://www.youtube.com/watch?v=HLZ_jujE63U

На коментарите им нема крај:

„Огнометот не лаже“вели Колин Хофман. „USR? Дали тоа Русија го хакираше и огнометот?“, пишува Амир Халед.