дома КОВИД-19 (Коронавирус) (Видео)ТУНЕЛИ ЗА ДЕЗИНФЕКЦИЈА: Кинезите имаат нов начин за борба со коронавирусот

(Видео)ТУНЕЛИ ЗА ДЕЗИНФЕКЦИЈА: Кинезите имаат нов начин за борба со коронавирусот

Кинезите на разни начини се борат против коронавирусот, а „оружјето“ се „тунели за дезинфекција“, пишуваат кинеските медиуми


Кинсеките власти со цел борба против коронавирусот поставија тунели за дезинфекција. Засега два тунели се поставени во Чонгџинг и ги користат работници пред одење на работното место.

Како што наведува венсикот „Саут Чајна морнинг пост“, во тунелите се вградени инфрацрвени детектори кои активираат спреј во момент кога некое лице ќе влезе внатре.

Процесот на дезинфекција трае 20 секнуди.

Дезинфекцијата се врши и во Пекинг, пред влегување на работното место, за време на паузата и при заминување.

Покрај тоа, дневно се врши дезинфекција на 405 станици на подземната железница. Кај секој патник се мери температура, наведуваат кинеските медиуми.