дома Македонија (Видео)ЦЕНЗУРА: На екипата на Инфомакс не и беше дозволен пристап до јавниот...

(Видео)ЦЕНЗУРА: На екипата на Инфомакс не и беше дозволен пристап до јавниот простор пред судот

Во текот на денешниот ден кога се одвиваше судењето на патриотите за 27 април на екипата на Инфомакс не и беше дозволен пристап до јавниот простор пред судот за нашиот портал да може непречено и професионално да си ја врши својата работа.

Ваквото срамно однесување се случува само неполна недела откако министерката за одбрана, Радмила Шекеринска ги прогласи вработените во нашиот портал за државни непријател. Да потсетиме дека без никаква причина полицијата го уапси и нашиот репортер Борислав Стоилковиќ за време на протестите против промена на името.

Полицискиот старешина ги одби сите барање на нашата екипа, а беше одбиено дури и укажувањето на шефот на секторот за односи со јавност во МВР, Тони Ангеловски кој беше контактиран од нашата редакција. Очигледно во Македонија повеќе не постои слободно и независно новинарство.