дома Политика (Видео)ЦРНИЛА ВО МАКЕДОНИЈА: Ненародна влада, понижувања и предавства од страна на СДСМ!

(Видео)ЦРНИЛА ВО МАКЕДОНИЈА: Ненародна влада, понижувања и предавства од страна на СДСМ!

Македонија со СДСМ и Зоран Заев е во црнила. Тие ги донесоа, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Имаме ненародна влада, предавства на државните интереси и понижувања.Беспарицата и сиромаштијата станаа дел од нашето секојдневие. Неправдата, корупцијата и криминалот се правило на делување на власта. Изневерени се очекувањата, и станува полошо. Во ваква една ситуација на нашата земја, отпорот и спротивставувањето се наша обврска и тоа и го должиме на Република Македонија, на народот. Нашата борба е за правда, за благосостојба и стандард, за квалитетно здравство и конкурентно образование, за приносно земјоделие, задоволни граѓани, за да силно изгрее зората за Македонија.