дома Свет (видео)ЧОВЕКОТ КОЈ СО ГОЛИ РАЦЕ ПPETEPA ПОЛИЦАЕЦ БИЛ ПРОФЕСИОНАЛЕН БОКСЕР: Собрани над...

(видео)ЧОВЕКОТ КОЈ СО ГОЛИ РАЦЕ ПPETEPA ПОЛИЦАЕЦ БИЛ ПРОФЕСИОНАЛЕН БОКСЕР: Собрани над 114.000 евра за помош на херојот на „Жолтите елеци“

Повеќе од 114 илјади евра се собрани преку јавни донации за поранешниот француски боксерски шампион Кристоф Детинге, кој ѝ се предаде на полицијата откако беше сниимен како удира врз полициски службеници за време на протест на „Жолтите елеци“.

Нападот на Детинге врз полицијата, која го блокираше мостот преку Сена, стана симбол на насилната природа на протестите против Владата на францускиот претседател Емануел Макрон.

И додека некои учесници во протестите го сметаат Детинге за херој, некои француски функционери се лутат, а меѓу нив е и министерката за труд Муриел Панико, која изјави дека е несфатлива таква кампања за собирање пари.

Како овие луѓе можат да им кажат на своите деца, на младите, дека насилството е одговор, рече министерката.

Детинге се предаде во полиција вчера, и рече дека се обидел да се одбрани и себе си и другите демонстранти, но призна дека „лошо реагирал“.

Тој се уште е во притвор.