дома Македонија (Видео)ШТИПСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК СПАСИ ТЕШКО ПОВРЕДЕН: Илчо Захариев го спаси штипјанецот Ванчо Андонов...

(Видео)ШТИПСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК СПАСИ ТЕШКО ПОВРЕДЕН: Илчо Захариев го спаси штипјанецот Ванчо Андонов откако во него удрил мотор!

Илчо Захариев спаси тешко повреден штипјанец, откако мотор удрил во човекот и со три фактури и наподвижен го оставил да лежи на улица. Неколку возила поминале покрај несреќниот штипјанец, но ниту едно од нив не застанало да пружи помош, раскажува за ТВ Стар, повредениот:

-Во тој момент помина градоначалникот со возачот. Јас лежев долу на земјата. Тие застанаа со возилото, ми помогнаа да се качам во него и ме донесоа во болница, кажа Ванчо Андонов.

Веќе пет дена, Ванчо е во гипс и неподвижен на Штипска ортопедија, но и со кошмари од вечерта на несреќата, кога за малку можел да го загуби и животот:

-Одев по тротоарот, одеднаш некој ме турна одзади и јас паснав, ногата ми беше целата извртена. Во тој момент помина возило и продолжи, воопшто не застана да ми помогне, раскажа Ванчо.

Но, она што за Ванчо е најтешко,  е сознанието дека никој од случајните минувачи, не застанал да му помогне, сé додека таму случајно не се нашол Захариев:

-Не ми е јасно како можеше да ме остави. Сигурен сум дека сакал да ме удри, ама ете се случи и тоа го сфаќам, ама не сфаќам зошто не застана да ми помогне, категоричен е Ванчо.

Пред Ванчо се тешки денови на заздравување и рехабилитација, а случајот со неговата несреќа ќе го истражува полицијата, зашто оној кој го довел до ваква состојба избегал. Поголеми последици по неговото здравје спречила човечноста на Захариев, кој единствено застанал да помогне.