дома Спорт (Видео)ЃОКОВИЌ ЌЕ ДОЈДЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Cигурно ќе ја посетам Македонија затоа што...

(Видео)ЃОКОВИЌ ЌЕ ДОЈДЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Cигурно ќе ја посетам Македонија затоа што морам да го видам Охрид

Новак Ѓоковиќ успеа да го освои петтиот трофеј на Вимблдон, откако славеше со 3-2 во сетови во финалето против Роџер Федерер, а по епското финале даде одговор на едно прашање поврзано за Македонија, пренесува 24Вести

Неодамна Ѓоковиќ доби покана да ја посети Македонија, а Ѓоковиќ кажа дека мора да го посети Охрид, пренесува 24Вести.

„Поздрав до Македонија, до Скопје. Ви благодарам многу. Не ми е тука кумот, тој беше учесник на забавата кога пеевме. Ќе видиме како ќе биде, но можеби повторно ќе запееме некоја балада. Ја видов поканата и го прифаќам повикот, но не можам да кажам кога ќе дојдам. Сепак, сигурно ќе ја посетам Македонија затоа што морам да го видам Охрид“, порача славниот Ноле.

Одговорот на Србинот дека ќе дојде во Македонија може да го погледнете на 16.30 од видеото.