дома Актуелно (Видео)ЌЕ ИМА ПРАВДА И ЗА ТЕБЕ, АТИЏЕ: Погледнете каде живее Атиџе денес,...

(Видео)ЌЕ ИМА ПРАВДА И ЗА ТЕБЕ, АТИЏЕ: Погледнете каде живее Атиџе денес, по Холивудскиот успех оставена во куќарка во Дорфулија

„Пола за мене ќе земам, пола на пчелите ќе оставам“ – е мантрата на Атиџе Муратова, која го маѓепса светот. Холивудските филмски магнати не штедат зборови кога зборуваат за екселенцијата на главниот лик во „Медената земја“, жената која со сета своја скромност, чесност, лојалност и наивност ја преслика грубата животна реалност

Но мантрата „Земи половина, а половина остави“ изгледа се „залепи“ само како добра маркетинг порака, и „токинг поинт“ на промоторите на филмот. Барем од она што може да се види на терен, Атиџе не успеала да ги научи авторите дека ако таа им го дала целиот свој живот како перфектното сценарио за филм кој ќе ги лансира во филмското ѕвездено небо, тие, авторите, би требало барем половина да и вратат.

И можеби ќе ја послушаат Атиџе па по Оскарот и ќе и се „реваншираат“, но засега не изгледа така.

Атиџе Муратова, во моментов живее на 60-тина километри од Скопје, во близина на Лозово во селото Дорфулија. Живее во куќа која ја купиле филмаџиите на „Медена земја“. И велат, на подарен коњ заби не се гледаат, ама овој очите ќе ни ги истера. Зарем заслужи Атиџе да живее во ваква куќа? Каде е половината која требаше да и ја вратат „филмаџиите“?

Кутра Атиџе, половината што им ја врати на пчелите и ја земаа злобните, алчни капиталисти. Исто и со нејзиниот живот. Го даде целиот свој живот на светот, а светот и врати со трошки…

Но има некоја космичка правда во целиов случај, па има и новинари како Фуркан Салиу кој нефилмаџиски ја сними состојбата во која живее денес Атиџе, по целиот свој успех на големите платна.

Можете да видите и сами, а ако сакате да донирате за Атиџе тоа можете да го направите во линкот подолу.

А.Митовски